Тунтев: Обраќањето на Могерини го разбираме како движење во вистински правец
Во изјавата по обраќањето на Могерини тој потенцира дека охрабрувањето, позитивната и неусловена препорака се дополнителен мотив за продолжување на реформите.

Обраќањето на Могерини го разбираме како движиње во вистински правец, изјави координаторот на Социјалдемократите, Тунтев по обраќањето на високата претставничка на Европската комисија, Федерика Могерини во законодавниот дом. Ова се однесува и на европскиот извештај.
Во изјавата по обраќањето на Могерини тој потенцира дека охрабрувањето, позитивната и неусловена препорака се дополнителен мотив за продолжување на реформите.
Препораката за членство во ЕУ е признание за досега сработеното, но и патоказ за идните реформски процеси кои што не очекуваат, а не очекува уште многу работа, рече Тунтев.
Запрашан за забелешките од извештајот, Тунтев вели законите мора да се импементираат.
Во таа насока ги сфативме и пораките на Хан и Могерини. И Владата, но и ние како дел од законодавната власт сме свесни дека закони без нивна целосна имплементација се „мртво слово на хартија“, изјави Тунтев.
