Средба на Могерини со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
ЕУ ѝ е потрена на Република Македонија, укажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на работниот појадок со шефицата на европската дипломатија Могерини.

Загрижени сме поради економската стагнација во земјата, широко распространетата корупција и случаиите кои отвораат сериозен сомнеж за криминал и во кој се вмешани највисоки претставници на власта. ЕУ ѝ е потрена на Република Македонија, укажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на работниот појадок со шефицата на европската дипломатија Могерини.
ВМРО-ДПМНЕ посочи на суштински забелешки кои беа вклучени во реформските закони, рекол Мицкоски, и затоа партијата се водела од државните интереси, заеднички за граѓаните.
Сѐ уште има притисоци врз медиумите и недостиг на демократски амбиент, како и политички терор преку пресметка со неистомислениците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побарал Европската унија одблиску да ги надгледува процесите водени од Владата за да се надминат забелешките во извештајот на Европкската комисија.
