Анѓушев: Извештајот на ЕК е реална слика за економијата
Вицепремиерот се согласува со забелешките дека треба да справиме со сивата економија, која, како што вели, е присутна во сите сегменти на живеењето, како на пример земјоделските производи, продажбата на текстилот.

Извештајот на Европската комисија реално ги отсликува состојбите во македонската економија. Планот за економски раст треба да ги подобри- вели вицепремиерот Кочо Анѓушев. Се согласува со забелешките дека треба да справиме со сивата економија, која, како што вели, е присутна во сите сегменти на живеењето, како на пример земјоделските производи, продажбата на текстилот.
Тргнете на пример од земјоделските производи како се откупуваат, па како се продаваат на кванташките пазари, па како се дистрибуираат на пазарите. Сето тоа е надвор од финансискиот систем на РМ и мора да се бориме со тоа. Затоа, и ќе формираме одредени активности во таа насока, со активирање на агроберзата. Идејата за агроберза е стара, но на крај таа се претворила во чување два силоса во Прилеп и ништо од таа реализација, наведе Анѓушев.
Во пресрет на денешната комисиска расправа во Собранието за законот за финансиска поддршка на инвестиците, апелираше да биде поддржан и од опозицијата. Законот, како што рече, по широката дискусија во јавноста и добиената поддршка од сите субјекти од економијата, стопанските комори, домашни меѓународни финансиски институции, е најфилтираниот од законите што се правени досега.
