Метео: Максимална температура до 26 степени

19.04.2018 13:32

Во попладневните часови е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во источните делови.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и ветровито време со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер од северен правец.

Во попладневните часови е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во источните делови.

Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот се очекува сончево стабилно и топло време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска