Перуанскиот премиер си поднесе оставка
По само четири месеци во канцеларија, Цезар Вилануева се одлучи да ја напушти лидерската позиција во владата на Перу. Причината за ваквата одлука е неодамнешната кавга со првата дама, Надин Ередиа, и Министерот за финансии Луис Мигел Кастилја, поради заложбата на сега екс-премиерот, да биде зголемена минималната плата. Вилануева изјави дека претседателот ја прифатил неговата оставка.
По само четири месеци во канцеларија, Цезар Вилануева се одлучи да ја напушти лидерската позиција во владата на Перу. Причината за ваквата одлука е неодамнешната кавга со првата дама, Надин Ередиа, и Министерот за финансии Луис Мигел Кастилја, поради заложбата на сега екс-премиерот, да биде зголемена минималната плата. Вилануева изјави дека претседателот ја прифатил неговата оставка. Поранешниот претседател на регионот Сан Мартин е четвртиот шеф на владата кој дава оставка во времето на претседателот Ољанта Умала.За нов премиер е избран Рене Корнехо, а покрај него, на функција стапија и 7 нови министри.Инаку во Перу, претседателите, а не премиерите, се тие кои го формираат составот на владата.
Роберт Димковски
