Русија: „Новичок“ е патентиран во САД

19.04.2018 14:19

Постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана за хемиското оружје, Александар Шуљгин покажа документ од канцеларијата за патенти на САД, што датира од 1-ви декември 2015-та година.

Русија поднесе доказ дека агенсот „Новичок“ е произведен и патентиран во САД како хемиско оружје во 2015-та година. Постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана за хемиското оружје, Александар Шуљгин покажа документ од канцеларијата за патенти на САД, што датира од 1-ви декември 2015-та година.

Станува збор за изработка на специјален куршум, полн со отровни супстанци. Постојаниот претставник на Русија објасни дека муницијата требало да биде наполнета со бинарни компоненти, меѓу кои и агенси што припаѓаат на типот „Новичок“.

Шуљгин нагласи дека формулата сведочи за тоа оти во САД изработувале и патентирале супстанции од типот „Новичок“.