Можно решение за името до крајот на јуни?!
За Грција е добро Македонија да стене дел од Европската унија и од НАТО, оценува шефот на дипломатијата Димитров. Очекува датум за почеток на преговорите за членство. Тврди дека се фокусирани на планот „А“ за прашањето за името, не на резервниот...

Не е невозможно да се најде решение за името до јуни, велат од МНР. По добивањето препорака, Македонија очекува до јуни да се добие зелено светло од Европскиот совет за датум за преговори, но членство во НАТО на самитот во јули. Сепак, останува најтешкото прашање во разговорите за името, промената на Уставот што ја бара грчката страна, велат од министерството.
„Фокусирани сме на планот А, фокусирани сме сите да ги убедиме вклучувајќи ја и соседна Грција, дека тој план, Македонија да стане европска демократија, сојузник, и во Европската унија и во НАТО алијансата е добро не само за Грција, туку и за целиот регион и пошироко, за Европа. Мислам дека за да ги зголемиме шансите за успех треба да бидеме фокусирани на тој план А“, изјави шефот на дипломатијата, Никола Димитров.
Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас би требало да се сретнат и пред самитот за Западен Балкан во Софија на 17-ти мај, иако сѐ уште не е официјално потврдена нова рунда разговори со посредникот Нимиц со Димитров и Коѕијас во Виена, на крајот од април.
Ирина Гелевска
