Евроинтеграции

Османи: Очекуваме датум за почеток на преговори со ЕУ

19.04.2018 15:49

Очекуваме датум, со новиот реформски План 18 ќе бидеме фокусирани на она што треба да се направи до претстојниот самит на Унијата, најави вицепремиерот Османи. Граѓанските организации му укажаа- препорака бара посветеност на реформите и нивно продлабочување...

„Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека Македонија се врати на евроинтегративниот пат“, смета вицепремиерот Османи. Според него, реформскиот план се спроведува преку вклученост на сите субјекти во опшеството. Вели дека се подготвени се спроведување и на новиот план, најавен од премиерот Заев, сè со цел добивање датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

Европската комисија бара дополнителни реформски напори во правосудството, областа на човековите права, економското управување, борбата против корупцијата. Претставници на граѓански организации сметаат дека се намалени тензии во општеството, а расте подршката за евроаталансите интеграции.

Тие бараат уште поголема вклученост на граѓанскиот сектор и во новиот реформски план, кој сè уште е во подготовка.

 

Марина Стојанова- Тонева