Вработените во „Еурокомпозит“ повторно на протести
Вработените и синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ повторно започнаа со протести и блокада на патот Прилеп- Градско на излезот од градот. Бараат што поскоро да им се исплати плата, според договорот постигнат со Владата и најзначување нов директор...

Вработените и синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ излегоа повторно на протести. Бараме да ни се исплати плата, според договорот со владата, секој месец по една, за по шест месеци да се решава состојбата во компанијата со стратегиски инвеститор.
Но, по еден и пол месец, нема најава за нова плата, ниту кога ќе биде назначен нов директор по оставката на претходниот, велат од синдикатот. Протестите беа најавени за в понеделник, но информаацијата дека процедурата за нов директор, ќе трае најмалку еден месец, велат ја забрзала нивната одлука.
Дел вработени се во погоните зашто некои производствени процеси не може да се стопираат. Синдикатот најави дека протестите секој ден ќе се зголемуваат за еден час.
Елизабета Митреска
