СИРИСКА КРИЗА

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија на разговори со Лавров

20.04.2018 10:24

Стафан де Мистура во Москва ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за политичко решение на сириската криза.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура во Москва ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за политичко решение  на сириската криза.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон пред рускиот амбасадор Анатолиј Антонов истакна дека подобрувањето на односите меѓу двете земји зависи од расчистувањето на случајот за руската интервенција во изборите, хемискиот напад во Велика Британија, но и од ситуацијата во Украина и Сирија.

Москва ги негира тие наводи.