Тевдовски и Богов на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

20.04.2018 10:31

Предвидени се и повеќе средби со високи претставници на банкарските организации. Во фокусот, тековната и идната соработка меѓу Македонија, Светска банка и ММФ.

Министерот за финансии Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Богов во Вашингтон учествуваат на редовната Пролетна сесија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Предвидени се и повеќе средби со високи претставници на банкарските организации. Во фокусот, тековната и идната соработка меѓу Македонија, Светска банка и ММФ.

Дискусијата на пролетната сесија е поврзана со актуелните случувања во светската економија, намалување на сиромаштијата и поттикнување на економскиот раст.