Иванов: На регионот му е потребно партнерство во безбедноста

20.04.2018 11:15

Иванов со порака- државите од регионот, можат да соработуваат во безбедноста, што е од витално значење за нашите општества и за Европа.

Вистинскиот збор што му е најпотребен на регионот е партнерство што се постигнува со градење доверба, заради веродостојни податоци, заеднички операции и заштита на информацијата, порача претседателот Иванов, на отворањето на состанокот на директорите на Агенциите за разузнавање од земјите учеснички во процесот Брдо- Бриони.

Иднината на регионот е во Европската унија, но од некои земји членки добиваме пораки за замор од проширувањето. Според Иванов, за да се промени таа перцепција, потребна е проактивност.

Иванов со порака- државите од регионот, можат да соработуваат во безбедноста, што е од витално значење за нашите општества и за Европа.

Првиот состанок на директорите на Агенциите за разузнавање е на македонска иницијатива. Собирот е во пресрет на состанокот на лидерите на земјите- учеснички од процесот Брдо- Бриони, што на 27-ми април ќе се одржи во Скопје.