Белата куќа претстави нова политика за извоз на оружје

20.04.2018 11:17

Граѓанските права ќе имаат иста тежина како и другите околности во планирањето на продажбата.

Белата куќа ја претстави долгоочекуваната реформа на политиката за извоз на американско оружје чијашто цел е да се зголеми извозот за сојузниците, да се интензивира одбранбената индустрија на САД, но и да се отворат нови работни места.

Граѓанските права ќе имаат иста тежина како и другите околности во планирањето на продажбата. Претседателот Трамп редовно нуди американско оружје на средбите со странските челници.