Иран: Реакцијата на американското повлекување од нуклеарниот договор ќе биде непријатна
20.04.2018 12:26
Според договорот, Иран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за поништување на санкциите.

Иран ги предупреди САД за непријатни последици доколку се повлечат од нуклеарниот договор што Техеран го потпиша со шест светски сили во 2015 година.
„Иран има неколку опции ако САД се откажат од нуклеарниот договор. Реакцијата на Техеран за американското повлекување ќе биде непријатна. Имаме неколку опции ако се повлечат“, изјави Мохамад Џавад Зариф, министер за надворешни работи на Иран.
Според договорот, Иран се согласи да ја ограничи нуклеарната програма во замена за поништување на санкциите. Најголемиот дел се укинати во јануари 2016 година.
