Американско- руски консултации за подобрување на билатералните односи

20.04.2018 12:38

Обединетите нации бараат политичко решение за сириската криза. Специјалниот пратеник Де Мистура во Москва на средба со рускиот министер за надворешни Лавров. Во меѓувреме Руско- американски консултации за подобри билатерални односи...

Русија и коалицијата предводена од САД продолжуваат да одржуваат контакти на ниво на воени ресори по американските ракетни напади во Сирија. Оттогаш Москва предупредува дека за руските власти постои „црвена линија“. Во интервју за „Спутник“, шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека претседателот Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп,

Пред реализацијата на плановите за изведување напади на западната тројка, началникот на Генералштабот на оружените сили на Русија Валериј Герасимов јасно кажа дека доколку некои акции на т.н. коалиција нанесат штета на руски војници, јасно и остро ќе одговориме. Притоа, ќе ги сметаме за легитимни цели не само ракетите, туку и системите од кои се истрелани. Тоа беше кажано јасно и недвосмислено“, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Русија нема да понуди да биде домаќин на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но им посакувам успех, потенцираше Лавров кој е домаќин на новата средба со специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, посветена на политичко решение на сириската криза.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон пред рускиот амбасадор Анатолиј Антонов истакна дека подобрувањето на односите меѓу двете земји зависи од расчистувањето на случајот за руската интервенција во изборите, хемискиот напад во Велика Британија, но и од ситуацијата во Украина и Сирија. Москва ги негира тие наводи.

Белата куќа ја претстави долгоочекуваната реформа на политиката за извоз на американско оружје чијашто цел е да се зголеми извозот за сојузниците, да се интензивира одбранбената индустрија на САД, но и да се отворат нови работни места. Граѓанските права ќе имаат иста тежина како и другите околности во планирањето на продажбата. Претседателот Трамп редовно нуди американско оружје на средбите со странски државници.

 

Маја Филдишев