Македонска иновација на светски натпревар по роботика во Детроит
Македонската иновативност ќе биде презентирана во Америка. Основци од Кочани ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика што ќе се одржи во Детроит. Од Фондот за иновации најавуваат финансиска поддршка за секоја добра идеја...

Млади иноватори од Кочани од лего коцки направиле робот со четири мотори и три сензори. Со пронајдокот ќе учествуваат на Светскиот натпревар по роботика и хидродинамика во Детроит, откако веќе освоиле неколку награди на регионалните натпревари во Србија и во Словенија. Младите умови се надеваат дека ова е само почетокот на нивните успеси.
Македонија може да се гордее и да очекува светла иднина со вакви млади луѓе, рече премиерот Заев по средбата со учениците. Во Фондот за иновации им ги додели авионските билети за Детроит. Ги повика младите да работат и да создаваат во Македонија. Вети оти Владата ќе ја интензивира поддршката за иноваторите.
Од Фондот за иновации најавени посебни грантови за младите истражувачи.
Викторија Милевска
