Имунизација

Намален опфатот на вакцинација, потребно е подигнување на светста

20.04.2018 14:44

Според податоците, во земјава опфатот на имунизација е 92 проценти, а треба да биде 95, појасни министерот Филипче на брифинг со новинарите.

Во последните три години намален опфатот со вакцинација, но тоа е глобален тренд и во светски рамки, велат од ресорот здравство. Според податоците, во земјава опфатот на имунизација е 92 проценти, а треба да биде 95, појасни министерот Филипче на брифинг со новинарите.

Потребно е подигнување на свеста за имунизација, како најважна превентивна мерка за заштита на здравјето на децата.

Од Министерството за здравство најавија воведување две нови вакцини за ротавирусот и пнеумокок. Европската недела на имунизација е под мотото „Заштити- спречи- вакцинирај“.