Метео: Сончево и топло за викендот

20.04.2018 14:46

Утре дневната температура ќе достигне до 24, а во недела до 28 степени.

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре дневната температура ќе достигне до 24, а во недела до 28 степени.

Во наредните денови се очекува максималните температури да достигнат и до 30 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска