Директна телефонска линија меѓу претседателите на Северна и Јужна Кореја

20.04.2018 15:20

Официјален Сеул соопшти дека директната линија меѓу лидерите на двете земји ќе помогне за натамошно намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Воспоставена директна телефонска линија меѓу претседателите на Северна и Јужна Кореја. Црвената линија е меѓу претседателската сина куќа во Сеул и севернокорејската комисија за државни работи, предводена од Ким.

Официјален Сеул соопшти дека директната линија меѓу лидерите на двете земји ќе помогне за натамошно намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Двајцата претседатели ќе се сретнат на 27-ми април во демилитаризираната зона.