Како до повеќе средства од Националната програма за рурален развој?
Македонските земјоделци користат средства од Националната програма за рурален развој, но поединечно, недоволно и не знаат за сите програми. Според невладината Рурална коалиција, здружените земјоделци ќе бидат поефикасни и ќе влијаат на користењето повеќе средства, но и на креирањето политики потреби за нив. Почнува серија работилници со македонските земјоделци...

Македонските земјоделци, главно поединечно, досега се пријавувале за користење средства од Националната програма за рурален развој. Велат, најмногу за механизација и кој како ќе стигне до информацијата, така дејствува.
Здружени, со поголема иницијативност и доволно информирани, македонските земјоделци ќе може да искористат повеќе средства од Националната програма за рурален развој, сметаат од невладината Рурална колација, која со земјоделците во осумте региони во државава почнува работилници.
Од 800 испитаници, само три насто аплицирале како здружение, а 90 насто од земјоделците никогаш не презеле граѓанска иницијатива. Досегашната искористеност на средствата од Националанта програма се движи околу 40 насто.
Од 300 македонски здруженија, само 17 користеле средства. Годинава, на располагање на земјоделците од Националната програма за рурален развој им се 2 милијарди денари.
Елизабета Митреска
