Eвровизиската „Lost and Found“ ќе се пее и во Мадрид

21.04.2018 17:02

Селекција на одлична музика, концерт и забава за незаборавен евровизиски викенд во Мадрид...

Втора година по ред повеќе од дваесет делегации ќе земат учество на промотивен евровизиски настан во Марид во организација на специјализираниот медиум eurovision-spain.com.

Повеќе од 17 години овој евровизиски веб портал е еден од водечките во Шпанија, кога станува збор за информирање, коментар и следење на најгледаното телевизиско шоу во Европа – Евровизија.

Во контекст на заложбите за придонес кон целиот евровизиски амбиент во Европа, тимот на eurovision-spain.com во 2017-та година ја организираше и својата прва евровизиска забава, а одличните критики и позитивните реакции од публиката и делегациите направија годинава оваа забава да биде официјализирана и од ЕБУ.

Освен тоа што евровизиските ѕвезди имаа пресконференција и средба со медиумите, тие ќе продефилираат вечерва и на црвениот килим, по што следува и официјалниот концерт кадешто и македонските претставници Ај Кју ќе ја изведат во живо „Lost and Found“ во легендарната Сала Ла Ривиера.

Настанот во Мадрид вклучуваше и специјален концерт на којшто вчеравечер настапија познати шпански изведувачи, како добредојде за еврвизиските делегации и уште една можност да се слави европската музика.

За Ај Кју ова ќе биде последен промотивен настан, по што следуваат и завршните подготовки пред заминувањето на македонската евровизиска делегација за Лисабон на 28-ми април.

Александра Јовановска