Извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем

23.04.2018 08:12

Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е поместен како последна точка на дневниот ред на Комисијата. Ова е петтиот шетмесечен извештај за работата на СЈО.

Извештај за сработеното денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година.

Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е поместен како последна точка на дневниот ред на Комисијата. Ова е петтиот шетмесечен извештај за работата на СЈО.

Се очекува извештајот да биде презентиран од специјалната обвинителка Катица Јанева.

Членовите на собраниската комисија меѓу другото ќе расправаат и за годишните извештаи за 2017 година за работата на неколку институции