Жртви и повредени во напад во Нешвил
Осомничениот маж е во бегство. Претходно имал проблеми со дозволата за поседување на оружје. Полицијата ги повика граѓаните да соработуваат во потрагата по убиецот и истрагата за случајот...
Четири лица загинаа и уште толку се ранети во вооружен напад во ресторан во американскиот град Нешвил. Осомничен е 29-годишниот Тревис Реинкинг од Мортон,
кој влегол гол во угостителскиот објект по што и отворил оган. Локалната полиција ги повика граѓаните да пријават доколку го забележат.
„Напаѓачот ми ја грабна раката, во тој момент решив што да правам зашто не можев да ја заклучам вратата. Успеав да го фатам оружјето со една рака и го фрлив настрана“, вели Џејмс Шо.
„Во 2017 година, ФБИ доби информации за Тревис Реинкинг од Тајната служба на САД. Презедовме координирана акција со Илиноис за поништување на дозволата за оружје“, изјави Метју Еспеншејд, ФБИ.
„Потребна ни е сеопфатна реформа за оружје поради масовните пукања, домашното насилство и други вооружени инциденти. Невини цивили беа тероризирани од човек кој користел полуавтоматска пушка АР-15“, рече Дејвид Брајли, градоначалник на Нешвил.
Слично оружје беше користено и во масакрот во Лас Вегас лани кога беа убине 58 луѓе, како и во нападот во училиштето на Флорида во која загинаа 17 лица.
Поради серијата инциденти, дебатата за контрола на оружјето во САД се засилува. Граѓаните продолжуваат да протестираат, барајќи реформи во законодавството. Контролата на оружјето е и меѓу главните теми од дебатите во Конгресот меѓу Републиканците и Демократите.
Маја Филдишев
