Жртви во сообраќајна несреќа во Северна Кореја
23.04.2018 11:59
Сударот се случил јужно од севернокорејската престолнина Пјонгјанг.
Во сообраќајна несреќа во Северна Кореја загинаа 32 Кинези и четири севернокорејски државјани, а има и многу повредени. Сударот се случил јужно од севернокорејската престолнина Пјонгјанг.
Кина и Северна Кореја делат долга граница, а Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и кинеските туристи се меѓу најголемите групи на посетители на таа земја.
