МВР

Нови униформи за Шестата управа

23.04.2018 12:15

Припадниците на Одделот за заштита на одредени личности или објекти познат како Шеста управа денеска добија нови службени униформи.

Припадниците на Шестата управа добија нови службени униформи. Купени се 464 машки и 39 женски комплети. Единечна цена по комплет е 6.560 денари, без ДДВ. За целосната набвака се искеширани околу 3 милиони и 300 денари – без ДДВ.

Целта е да се унапредат стандардите на професионално работење на сите оддели во МВР, а Шестата управа е оддел кој има специфичен вид на задачи и МВР е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Додаде дека во Министерството престојат уште задачи и активности не само од материјално- технички аспект, туку и во насока на подигнување на стручноста, организацијата и системското работење на Министерството.