Белгија
Белгиски суд го осуди Абдеслам
23.04.2018 12:17
Осуден е за обид за убиство. Инцидентот се случи во рација во стан во Брисел пред две години.

Белгиксиот суд го осуди Салах Абдеслам, единтвениот преживеан осомничен од терористичките напади во Париз, по вооружената престрелка која заврши со негово апсење.
Осуден е за обид за убиство. Инцидентот се случи во рација во стан во Брисел пред две години. Абдеслам беше во бегство четири месеци. Сега е во француски затвор и му следува судење за париските напади.
