Торонто

Шефовите на дипломатијата на земјите од Г-7: Да се зголеми притисокот врз Русија

23.04.2018 12:23

На дводневната конференција ќе расправаат за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, Сирија, Блискиот Исток и Венецуела, како и за подготовките за Самитот на лидерите на Г-7 во Канада во почетокот на јуни.

Министрите за надворешни работи на Г-7 во Торонто дискутираат за интензивирање на притисокот врз Русија, со исклучок на нови санкции против Москва.

На дводневната конференција ќе расправаат за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, Сирија, Блискиот Исток и Венецуела, како и за подготовките за Самитот на лидерите на Г-7 во Канада во почетокот на јуни.

На состанокот учествува и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин. САД, со оглед на тоа дека Мајк Помпео сѐ уште не е официјално избран за државен секретар, ќе ги претставува Џон Саливан.