Инфраструктура

Пуштена во употреба делницата Демир Капија- Смоквица

23.04.2018 13:11

27-те километри автопат во Демиркаписката клисура, место каде што се допираат медитеранската и континенталната клима, од денеска достапни за возачите. Премиерот Заев, директорот за проширување во Европската комисија, Даниселсон министрите за транспорт на Македонија и на Грција, на новата супермодерна магистрална делница Демир Капија- Смоквица...

Пуштена во употреба 27- километарската делница Демир Капија- Смоквица, со што се завршува обновата на Коридорот 10 во земјава. На автопатот „Пријателство“, делницата ја отворија премиерот Заев, директорот во Директоратот за проширување на Европската комисија, Даниелсон, министрите за транспорт на Македонија и на Грција, Сугарески и Спирцис.

ЕУ беше најголем инвеститор во овој потег, проект кој чинеше 271 милион евра. Даниелсон резимираше колку средства се досега инвестирани во патната инфраструктура во земјата.

„Досега ЕУ има инвестирано 325 милиони евра во обезбедување на подобри патишта во вашата земја, подобри пруги, како и подобра целосна транспортна инфраструктура. Повеќе од 100 километри автопатна мрежа беше изградена или реновирана досега и плус дополнителни 64 километри локални патишта“, рече Даниелсон.

Според Даниелсон, овој проект е симбол на поврзаносна и на трансевропската транспортна мрежа, која е значајна и за социо-економскиот развој и на Македонија и на Европа.