Прилепски „Еурокомпозит“ доби в.д. директор, протестот во мирување
23.04.2018 14:07
Најавата е вработените до четврток да добијат плата што во меѓувреме го стави во мирување протестот на Синдикатот. Од Синдикатот велат- доколку не се исплати платата, се активираат протестите.

Прилепски „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор кој функцијата ќе ја врши еден месец до одржувањето на акционерското собрание за да биде избран првиот човек на компанијата.
Најавата е вработените до четврток да добијат плата што во меѓувреме го стави во мирување протестот на Синдикатот. Од Синдикатот велат- доколку не се исплати платата, се активираат протестите.
Инаку, според договорот со Владата, за шест месеци треба да се најде стратегиски инвеститор за наменската фабрика.
