Еднаква грижа за децата по разводот
Невладините организации бараат еднаквост на разведените родители при грижата за децата. Оттаму велат, сведоци сме на давање лажни изјави, кога се работи за оваа тематика.

Досегашниот концепт на еден главен и еден спореден родител за грижата е штетен за децата кои де факто го губат едниот родител, вели Наум Рибароски, од Иницијативата за воведување на заедничко родителство. Новиот концепт нуди опција на еднакви права и обврски кон децата, исто како и додека биле во брак или вонбрачна заедница. Тој ги повика институциите да стават крај на злоупотребите на еден од родителите со лажни пријави за насилство да го елиминираат другиот родител. Таквите пријави треба да станат основ за одземање на родителското право на тој што лажно пријавува
Детето да не се става во ситуација да избира меѓу двајцата родители, ниту да се отуѓува од родителот. Разводот треба да биде престанок на бракот, а не престанок на родителството, порачува Драги Змијанац, од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Надлежниот суд и стручниот тим на Центрите за социјална работа, смета Змијанац, при оцената за доверување на детето на чување и воспитување, треба да тргнуваат од позицијата дека двајцата родители треба заедно и непосредно да го вршат родителското право.
Фиљана Кока
