ССМ на 1-ви мај со марш и синдикални барања
Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ маршот ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија и ќе продолжи пред македонското Собрание и Владата на Република Македонија.

Сојузот на синдикати најави првомајски марш по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред Собранието и владата , синдикалците велат ќе побараат нов Закон за работни односи, регрес за годишен одмор, ќе кажат стоп за мобингот и зголемување на старосната граница за пензионирање.
Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ маршот ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија и ќе продолжи пред македонското Собрание и Владата на Република Македонија.
Се враќаме на традиционалните патишта. Одлуката е донесена едногласно од највисоките органи и тела. Сите претседатели и советници ја донесовме одлуката на 1 Мај да се маршира и да се кажат работничките барања, истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски на денешната прес-конференција.
Синдикалните барања, како што рече, се доставени до Министерството за труд и социјална политика и до Владата на Република Македонија.
