Чакаровски: Вакцинирањето нема да биде услов за упис во училиштата
Ќе работиме на тоа на родителите кои се скептични да им укажеме дека кај нив не треба да постои страв дека вакцините се небезбедни, изјави денеска заменик- министерот за здраство Гоце Чакаровски.

Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата, информира ресорот. Оттаму велат дека во соработка со образовните власти ќе се бара начин како да се уверат родителите дека вакцините се безбедни и нивните деца треба да се ги примат.
„Индивидуално право е на секој родител да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете, меѓутоа како Министерство за здравство мора да водат сметка за колективната безбедност, бидејќи едно невакцинирано дете, а инфицирано може да биде причина за инфективно заболување кај многу дечиња“, вели заменик- министерот Чакаровски.
Заменик- министерот за здравство нагласува мора да се води сметка за колективната безбедност односно колективната сигурност на децата.
