Недостиг од медицински персонал во Козле

23.04.2018 15:10

Недостиг на кадри во медицината, за неколку години Македонија ќе се соочи со вакуум во вработувањето медицински персонал. Дотраена опрема во Институтот за белодробни заболувања, кој денеска сепак прослави 65 години од основањето...

„Со сегашниот персонал функционираме, но сепак е потребно негово надополнување“, вели директорот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата, Ангелчо Андовски. Целта е да прераснат во регионален центар, а тоа е возможно само со владина поддршка. Рече дека е во тек процедурата за вработување на медицински и административен кадар.

Директорот информираше дека болницата располага со 91 легло за деца и мајки, и засега тоа ги задоволува капацитетите, потреба се јавува за обновување на дотраената опрема, која Клиниката ја обезбедува по пат на донации од приватни компании.

Станува збор за апарати за рана и рендген дијагностика, бронхоскопија,видеоскопија, ЕКГ и други медицински апарати.

Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, прославува 65 години од своето основање.

Марина Стојанова- Тонева