МВР

Нова службена униформа за Шестата управа

23.04.2018 15:16

Припадниците на одделението за заштита на личмности и на имот, попозната како Шеста управа добија нови службени униформи. Униформата чини над сто, а за целосната набавка се платени 50-тина илјади евра. Следуваат и нови униформи за специјалната единица...

Припадниците на Шестата управа добија нови службени униформи. Купени се 464 машки и 39 женски комплети. За целосната набавка се ислатени речиси 3 милиони и 300 денари, информира министерот Спасовски. Најави дека и припадниците на специјалните единици набрзо ќе добијат нова униформа . Вели, целта е унапредување на стандардите на професионалното работење на полицајците.

„Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на работни ангажмани и задачи и Министерството е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење. Пред нас како министерство престојат уште многу задачи за решавање, уште многу активности не само во поглед на техничко-материјалните услови за работа, туку и во поглед на стручното, организационото и системско унапредување на работата на Министерството“, изјави министерот Спасовски.

Спасовски вели дека е алармантна состојбата во сообраќајот. За викендов во Скопје, фатени 480 алкохолизирани возачи. Регистрирани и толкав број други прекршоци. Најави засилени сообраќајни контроли, за да се влијае врз сообраќајната култура. Покрај репресивни, најави и превентивни мерки преку кампањи.

Првиот човек МВР коментирајќи го извештајот на Стејт департментот во кој се критикува борбата против корупцијата, рече дека е отворен широк фронт за нејзиното сузбивање, и тоа не само кон луѓе од поранешните структури кои биле дел од власта, туку врз секој кој се огрешил пред законот.

Наташа Гркова- Петрушевска