Белгија

Абдеслам осуден за обид за убиство

23.04.2018 15:25

Поради обид за убиство на полицајци во Брисел, белгискиот суд му одреди затворска и парична казна за Абдеслам Салах, кој беше дел од групата која ги изврши париските напади во 2015-та година. Пресудата е прочитана во негово отсуство. Абдеслам е во француски затвор и му следува судење за париските напади...

20 години затвор за обид за убиство по вооружената престрелка со полицијата во Брисел, му одреди Судот во Брисел на Салах Абдеслам, единствениот преживеан член на Исламска држава која ги иврши Париските напади во 2015 година кога загинаа 130 луѓе.  28-годишниот Белгиец со мароканско потекло, беше уапсен заедно со Софиен Ајари во предградие на Брисел. Пресудата е прочитана во нивно отсуство. Според белгискиот судија, лицата се поврзани со радикализам со оглед на природата на оружјето кое го користеле, бројот на испукани куршуми и повредите на офицерите.

Немам коментар за одлуката, но клиентите сакаа судот да ја заврши работата, и тоа беше направено“, изјави Том Бауенс, адвокат на полицајците.

Откако сите барања ни се остварени, задоволни сме. За нив, тоа е признание од правдата дека вршат опасна работа секојдневно, пресудата наведува дека пукањето кон полицајци на должност е сериозен криминално дело од Исламска држава зашто тоа е напад врз нашето демократско општество и вредностите“, рече Марис Али, адвокат на полицајците.

Абдеслам е во француски затвор и очекува судење за Париските напади. Во Белгија има досие за помали криминални дела, а процесот на радикализација го почнал со својот брат околу 2014 година. Двајцата станале членови на француско- белгиска група поврзана со ИД која презеде одговорност за серија напади на европска територија, вклучувајќи ги и бомбашките детонации во метро-станица и аеродром на Брисел.

 

Маја Филдишев