Стопанска комора

Здружението за угостителство и туризам бара измени во Законот за авторско право

23.04.2018 15:42

Здружението за угостителство и туризам бара измени во Законот за авторско право. Апелираат да се стави ред во наплатата на надоместокот за музика. Меѓу предлозите, хуманитарните настани да не подлежат на оданочување и тарифирање...

Здружението за угостителство и туризам со забелешки за предлог- измените на Законот за авторски права. Од Стопанската комора бараат хуманитарните настани да не подлежат на тарифа, да се прави разлика доколку угостителските објекти се јавуваат како организатори или само изнајмувачи на просторот.

Речиси 25 проценти од приходите во Здружението за заштита на авторски и музички права се од угостителскиот сектор.

Од Здружението посочуваат дека целта не е избегнување на обврските кон ЗАМП, туку изнаоѓање на цврста законска рамка која нема да има штетни последици ниту за носителите, ниту за корисниците на авторските и сродни права.

 

Дијана Ценевска