Извештајот на СЈО пред пратениците во среда
Извештајот на Специјалното јавно обвинителство в среда ќе се разгледува во Собранието. Пратениците расправаа за работењето на други државни комисии. Не поминаа извештаите на оние за слободен пристап до информации и инспекциски надзор. Нивни претставници не беа присутни за да ги образложат...

Треба ли извештаите за работата на државните институции формирани од Собранието да се разгледуваат во присуство на овластениот подносител. Ова беше прашањето за кое спореа пратениците од власта и опозицијата. Дискусија се отвори на Комисијата за политички систем, откако на седницата не дојдоа луѓето кои ги доставиле документите, за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци и на Комисијата која одлучува во втор степен од инспекцискиот надзор.
Опозицијата побара да се одложат овие точки и за нив да се дискутира во присуство на подносителот, но по гласањето предлогот не беше прифатен. Комисијата не ги усвои извештаите.
Осма и последна точка од дневниот ред е петтиот полугодишен извештај од работата на Специјалното обвинителство. Седницата се прекина, а ново продолжение е закажано за в среда, за кога се очекува пред пратениците да зборува и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Анита Димитријевска
