Чавков излегува од притвор

23.04.2018 15:54

Притворот, велат од судот, ќе се укине штом ќе се запише гаранцијата, а заради обезбедување присуство на Чавков, судот донел одлука привремено да му го одземе и пасошот.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков излегува од притвор. Кривичниот совет на скопска единица донесе одлука да го прифати предлогот на одбраната и на осомничениот  да му определи поблага мерка – гаранција со недвижен имот.

Притворот, велат од судот, ќе се укине штом ќе се запише гаранцијата, а заради обезбедување присуство на Чавков, судот донел одлука привремено да му го одземе и пасошот.

Поранешниот министер, кој е во притвор за собраниските настани од 27-ми април има и обврска еднаш во неделата да се јавува во судот.