Се истражува мотивот за нападот во Торонто
Десет лица загинаа, 16 се повредени откако комби удри во група пешаци во Торонто. Властите се сомневаат дека постои поврзаност со тероризам. Во тек е истрага за мотивот на напаѓачот којшто е уапсен...

Истражувачите кои го испитуваат нападот со комбе во канадскиот град Тороното, при што загинаа десет лица, претпоставуваат дека мотивот на напаѓачот е тероризам. Според снимките кои ги објавија медиумите, при апсењето, 25-годишниот Алек Минасин тврдел дека е вооружен и барал од полицајците да го убијат.
„Мора да утврдиме дали имало само еден или повеќе учесници во нападот. Ги следиме доказите. Немам конкретна информација за целна група на нападот“, изјави Марк Сондерс, шеф на полицијата.
„Засега нема индикации дека нападот е поврзан со националната безбедност. Настаните што се случија на улиците се ужасни, но не се резултат на работата на националната безбедност“, рече Ралф Гудејл, министер за јавна безбедност.
Очевидци велат дека нападот бил испланиран.
„Шокиран сум. Во Торонто никогаш не се случило вакво нешто. Ова место е мирно и безбедно“.
„Излегов од зградата и ги видов телата на убиените. Ужасна трагедија ја погоди оваа мирна и пријателска заедница којашто е мултикултурна и полна со различности“, велат очевидци на нападот.
Во инцидентот со изнајмено возило од компанијата „Рајдер систем“ се повредени 16 луѓе. Во тек е истрага за причните за несреќата којашто се случи на 30 километри од центарот каде што шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени индустрии во светот имаа самит.
Маја Филдишев
