Османи на Самитот на ЈИЕ во Брдо кај Крањ
24.04.2018 10:25
Главна тема на самитот ќе бидат предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе учествува на самитот на шефовите на државите или владите на земјите- членки на процесот на соработка на Југоисточна Европа што се одржува во Брдо крај Крањ, Словенија.
Главна тема на самитот ќе бидат предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.
Процесот за соработка на Југоисточна Европа е иницијатива за регионална соработка, каде што покрај Македонија, членуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово.
