НАТО работилница за координација на воени партнерства

24.04.2018 10:49

Како што соопшти Министерството за одбрана, неколкудневната работилница на која ќе учествуваат околу 200 претставници од земјите на НАТО и земјите- партнери ќе опфати повеќе теми- операциите предводени од НАТО и учеството на партнерите во овие операции, хармонизацијата на партнерските процеси, едукацијата, обуките и тренинзите.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик- командантот на Главната команда на сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Сер Џејмс Еверард ќе се обратат денеска на прес- конференцијата по повод отворањето на НАТО- работилницата за координација на воени партнерства, чиј домаќин годинава е Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, неколкудневната работилница на која ќе учествуваат околу 200 претставници од земјите на НАТО и земјите- партнери ќе опфати повеќе теми- операциите предводени од НАТО и учеството на партнерите во овие операции, хармонизацијата на партнерските процеси, едукацијата, обуките и тренинзите.

Дел од работилницата ќе биде и презентацијата на 15 образовни капацитети на НАТО и на партнерите, чиј дел е и единствениот НАТО- партнерски центар во Република Македонија, регионалниот Центар за односи со јавноста, како и НАТО- школата во Обер-А-Мергау.