Собрание на РМ

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања

24.04.2018 10:51

Седница на која во фокусот ќе биде извештајот ќе одржат Комисијата за европски прашања и мешовитиот парламентарен комитет Македонија- ЕУ.

Во Собранието почнува разгледувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Седница на која во фокусот ќе биде извештајот ќе одржат Комисијата за европски прашања и мешовитиот парламентарен комитет Македонија- ЕУ.

Извештајот на Европската комисија пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Самуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.