Руси- Поповска нова амбасадорка на Македонија во ЕУ во Брисел, Чаушевска- Димов во Париз
Во посета на македонскиот Парламент се и претседателот на групата за пријателство, Франција- Македонија на Националното собрание, Бернард Сор и потпретседателот Грегори Галбадон...

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика, денеска своите платформи за работа ќе ги презентираат новите амбасадорки во постојаната мисија при Европската унија во Брисел, Кралството Белгија, Агнеза Руси- Поповска и во Франција, Јадранка Чаушевска- Димов.
Во посета на македонскиот Парламент се и претседателот на групата за пријателство, Франција- Македонија на Националното собрание, Бернард Сор и потпретседателот Грегори Галбадон кои ќе се сретнат со членовите на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Франција.
