Метис е оптимист за разговорите со Северна Кореја

24.04.2018 11:05

Пјонгјанг најави дека ги стопира нуклеарните и ракетни проби и го затвора полигонот за нуклеарни тестирања...

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Метис е оптимист за разговорите со Северна Кореја откако Пјонгјанг најави дека ги стопира нуклеарните и ракетни проби и го затвора полигонот за нуклеарни тестирања.

Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер Ким Јонг- Ун ги посети хоспитализираните лица и им изрази сочувство поради жртвите во сообраќајната несреќа во која загинаа 30-тина кинески туристи и неколкумина Корејци откако автобус падна од мост.

Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја, а кинеските туристи се меѓу најбројните групи посетители.