Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност во домаќинствата
Кредитната линија во вредност од четири милиони евра што ќе се пласира преку Охридска банка и Шпаркасе банка, додека дополнителни четири милиони е планирано да се реализираат преку други домашни банки.

Преку програмата за поддршка на зелената економија, што ќе биде презентирана денеска, Европската банка за обнова и развој почнува со финансирањето домаќинства за зголемување на нивната енергетска ефикасност.
Кредитната линија во вредност од четири милиони евра што ќе се пласира преку Охридска банка и Шпаркасе банка, додека дополнителни четири милиони е планирано да се реализираат преку други домашни банки.
Средствата ќе им овозможат на домаќинствата да ги намалат емисиите на гасови и да го подобрат животниот стандард. ГЕФФ за Македонија е дел од програмата за Западен Балкан проектирана на 85 милиони евра.
