Г-7: Русија да биде конструктивен партнер за да се заврши сириската војна
24.04.2018 11:45
По дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-7, шефовите на дипломатиите на седумте индустриски најразвиени земји порачаа дека официјална Москва мора да има одговорност и да води дијалог со западот.

САД ја повикаа Русија да биде конструктивен партнер за да се заврши сириската војна.
По дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-7, шефовите на дипломатиите на седумте индустриски најразвиени земји порачаа дека официјална Москва мора да има одговорност и да води дијалог со западот.
Групата ја сочинуваат Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија. Следниот самит е закажан на 8-ми и 9-ти јуни во канадската покраина Квебек.
