Судењето за „Титаник 2“ одложено за 10-ти мај

24.04.2018 11:57

Судијата го прифати барањето на одбраната за одложување, со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението, што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи.

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“, во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013-та година, е одложено за 10-ти мај. Судијата го прифати барањето на одбраната за одложување, со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението, што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи.

Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд, за кој судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО. 

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинети во случајот, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд. Покрај Тачи и Мијалков, во овој случај обвинети се и четворица поранешните членови на ДИК, кои исто така, беа присутни на рочиштето.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.