Ставрев на „Жерлан“
25.02.2014 14:17
По предизвиците во Лигата на шампионите, Александар Ставрев ја има честа да суди и натпревар од шеснаестинафиналето од УЕФА Европа лигата.

Најдобриот македонски фудбалски арбитар ќе ја дели правдата на мечот меѓу Лион и Черноморец. Марјан Кировски и Дејан Костадинов ќе му помагаат како линиски судии, четврти ќе биде Никола Караколев, а зад головите ќе дејствуваат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.
На првиот натпревар во Одеса мрежите мируваа, а според реномето и со оглед дека во реваншот ќе игра пред своја публика, Лион важи за фаворит за пласман во следниот натпреварувачки сегмент.
