Лозарство

Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозје

24.04.2018 12:28

Дополнително, со цел навремено извршување на сите агротехнички мерки, пред почетокот на годинешната производствена сезона, на лозарите им се исплатија субвенциите за одржување на лозовите насади или вкупно над 608 милиони денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје. Конкретно, исплатата е за дополнителната субвенција од два денара за килограм грозје, предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани, со цел да им се помогне на лозарите, поради лошите временски услови кои негативно влијаеја врз родот.

Дополнително, со цел навремено извршување на сите агротехнички мерки, пред почетокот на годинешната производствена сезона, на лозарите им се исплатија субвенциите за одржување на лозовите насади или вкупно над 608 милиони денари.

Исплатата на субвенциите за преостанатите мерки за 2017-та се одвива континуирано со цел да се запази законскиот рок за комплетно расчистување на 2017-та година, односно 30-ти јуни, соопшти Министерството за земјоделство.