Стразбур

Димитров се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа

24.04.2018 13:07

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров е во Стразбур, каде што ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Покрај обраќањето е предвидено Димитров да има одделни средби со генералниот секретар на Советот на Европа, Јагланд, како и со претседателот на Парламентарното собрание Николети...

Во моментов, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, влегува во хемисиклот на Палата на Европа во Стразбур, каде ќе им се обрати парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа во Стразбур. Веднаш по говорот, министерот Димиторв ќе одговара на прашања на парламентарците.

Претходно, тој изутринава имаше средба со двата известувачи на ПССЕ во рамките на постмониторинг дијалогот со Македонија, Лиз Кристоферсен и Валериу Гилечи, кои наскоро треба да ја посетат нашата земја. Министерот Димиторв ја потпиша и златаната книга на Советот на Европа. Во присуство на претседателот на ПССЕ Микеле Николети, со кого потоа имаше и разговори.

Попладнево, Димитров ќе има и одделни средби со Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа, Гидо Раимонди, претседател на Европскиот суд за човекови права, Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, по што заминува во Виена на средбата со неговиот грчки колега.

 

Тони Гламчевски